MERCEDES-BENZ VISION EQXX-СУПЕРИОРНИОТ ЕЛЕКТРОМОБИЛ ОД МЕРЦЕДЕС

30/07/2021

 

Безмалку сите производители се „фрлиле“ на електрификација на своите автомобили, или веќе одат во насока на целосно исфрлање на хибридизацијата, и сега сите мисли им се насочени кон чистата електрификација. Мерцедес – Бенц отиде дотаму што семејството „е ку“ забрзано го проширува, и најавува електромобил кој со едно полнење на батеријата може да измине најмногу километри од било кое друго електровозило.

Според конструкторите најновиот електромобил на кој работат ќе може да извози над 1.200 километри со едно полнење на батеријата. „Вижн е ку икс икс“ е возбудлив чекор на патот кон развојот на целосна електрификација и уривање на досегашните граници на ефикасност на електромобилите, изјавуваат од Мерцедес – Бенц. Кон оваа да ја наречеме филозофија се придружува и шампинскиот тим од натпреварите во формула 1, кој дава целосна поддршка на проектот. Новообјавената фотографија не оддава многу за обликот на автомобилот, дали е тоа лимузина, комбилимузина, еднопросторно возило, или, пак, купе. Можеби со следната фотографија Мерцедес ќе открие нешто повеќе за електромобилот за кој вели дека ќе биде најефикасниот од било кој друг досега.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.