MERCEDES-BENZ GLE-„ГЛЕ“ ДОБИ ОСВЕЖУВАЊЕ

16/02/2023

Има едно непишано правило во автомобилската индустрија во кое се вели „секој модел по навршени четири години, или малку повеќе, веќе е зрел за обновување, или за редизајн. Тоа го сторија и во Мерцедес врз моделот „гле“, односно „гле купе“.

Дизајнерското освежување е готово и „гле / гле купе“ може слободно да го види светлото на денот, само што производителот сѐ уште не се изјаснил за цените. Кога е во прашање редизајнот веднаш почнуваме со надворешниот изглед – графиката на светлата е нова, потоа ситни дотерувања имаме и кај маската, но и кај одбојниците. И во пакетот „амг“ имаме разубавување. Само острото око на тие што добро го познаваат моделот „гле“ ќе ги приметат измените во дизајнот, но обновувачите ги имаат освежено и погонските единици, сега сите се електрифицирани со умерен хибриден погон, додека тие со приклучок сѐ уште се во „игра“.

„300 д 4 матик“ 269 КС и 550 Нм и „гле 450 д 4 матик со 367 КС и 750 Нм тоа се претставниците од дизел семејството умерени хибриди, додека на бензин има само еден претставник „гле 450 4 матик со 381 КС и 500 Нм. Сега следат претставниците со „плаг ин“ (со приклучок): „гле 400 е 4 матик со 381 КС и 600 Нм, тоа е бензинскиот, а дизелот носи ознака „гле 350 де 4 матик“ со вкупна силина од 333 коњи и 750 Нм.

Тука се и неизбежните „амг“ изведби, „гле 53 4 матик + сув“ со 435 КС и 560 Нм, додека поснажната изведба носи ознака „гле 63 с 4 матик + сув“ која во себе има 435 КС и 560 Нм максимален вртежен момент. Овие силини за да бидат уште поубедливи, двете „амг“ изведби имаат систем за добивање дополнителна силина и дополнителни „њутн метри“. То се случува во кус временски период, време во кое возилата добиваат по 22 КС со тоа што 200 Нм одат кај првата, а 250 Нм кај посилната изведба. Детални информации за цената на редизајнираниот „гле“ ќе добиете од увозникот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.