MERCEDES-BENZ E-CLASS-ШЕСТА ГЕНЕРАЦИЈА „Е КЛАСА“

08/05/2023

Ново од Мерцедес, една од неговите најпродавани и најпопуларни лимузини дебитираше пред светската јавност по шести пат.

Јасно е дека новата „е класа“ личи на останатите во семејството, така било, така е и така ќе биде и во иднина –  препознатливостa на Мерцедес заедно со основните линии мора да бидат зачувани. Во класична лимузина која нуди врвна удобност, најбитен елемент е отстранување на бучавата. Кога конструкторите ќе успеат да го отстранат загадувањето од бучава, тогаш можат да се пофалат дека направиле автомобил со врвна удобност. Изолираноста на одделот за патници во новата „е класа“ е најдобра во премиум класата или во превод подобра изолација имаат само луксузните лимузини од типот на: Мајбах, Бентли, Ролс Ројс и на нив сличните.

 

 

Најнапред „е класата“ ќе влезе во продажба со еден бензински мотор со умерена хибридна технологија и еден дизел, односно „е 200“ со 204 КС и „е 220 д“ со 197 КС, а покрај нив ќе има и хибриди со приклучок „е 300 е“ со 204 КС и „е 400 е 4 матик“ со 252 КС. Последниве два хибриди кога се движат само со помош на електриката изминуваат најмногу по 100 км. По оваа група од мотори ќе следи бензинскиот 2,9 литарски со шест цилиндри и 360 КС и дизел мотор со иста зафатнина, но со 330 КС. Реторско прашање е тоа дали ќе има „амг“ изведба. Во подготовка е и ќе се појави некаде по околу 16 месеци. Можно е „е класа амг“ да носи 2,0 литарски мотори во изведбите „е 53“ и „е 63“, тие поснажните веќе се отстранети (или Мерцедес ќе изненади!?). Покрај изведбата „амг“, неизбежен детаљ е караванот, а заедно со него ќе стаса и „ол тереин“, подигната изведба со погон на сите тркала. Според распоредот сега на ред е продажбата која ќе започне во јуни, а производството веќе се одвива дома во Зинделфинген каде се произведуваат „глц“ и „с класата“.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.