MERCEDES-AMG GT3-„ПОСЛЕДНИТЕ“ ПЕТ ПРИМЕРОЦИ

02/09/2022

Деновиве од Мерцедес пристигна убава вест – конструкторите се пофалиле со посебно издание од тркачката изведба „амг гт 3“. Повод за ваквиот потег е 55 годишнината од основањето на работилницата АМГ. Убав јубилеј, а се прославува со уште поубав автомобил.

Тоа е истото возило само што сега не важат правилата од ФИА и не треба да важат затоа што автомобилот именуван како „амг гт 3 едишн 55“ не е подготвен за трки туку за јубилејот и за тие што ќе го имаат да предизвикуваат љубомора и завист кај другите.

Таквите среќници се само пет на број и толку. Мотор V8 6,2 литри и некаде околу 650 КС, за 100 повеќе од хомологираната од ФИА наменета строго за трки. Убав примерок на четири тркала и уште поубав јубилеј, но зошто само пет, а не 55 примероци? Тоа „едишн 55“ кажува дека автомобилот е правен по повод 55 годишнината. Петте примероци се уште од сега резервирани за некои и нема сигурно да бидат пуштени на продажба во салон.

Покрај тоа со петте примероци има уште една нелогичност. „Мерцедес амг гт 3 едишн 55“ чини 260.000 евра без давачките (данок). Возилата веднаш по предавањето на сопствениците најмалку ќе чинат тројно повеќе, а да остават еден примерок на јавно наддавање, сигурно ќе дотурка до еден милион и повеќе.

За тие „љубоморните“ Мерцедес напишал внатре во одделот за патниците, „еден од петте“, да се знае дека нема други сем овие пет, потоа подарок од Мерцедес за сопствениците, посебна навлака за автомобилот и една кутија со димензии не поголема од 20 см висина и 10 ширина. Во неа конструкторите од Шафхаузен сместиле рачен часовник од серијата „пилот“ наменет, исто така, за сопственикот (и тие часовници се само пет).

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.