MERCEDES-AMG GLE-МЕРЦЕДЕС НЕ ГО ОСТАВА СВЕТОТ ДА ЗДИВНЕ

27/10/2023

Производителот на автомобили со седиште во Штутгард не го остава светот да здивне од новости. Еве повторно во „напад“, а веќе пред неколку недели беше претставена изведбата „амг – гт 63 с – е – перформанс“. Да, хибрид и тоа не со умерена технологија, туку таа со приклучок за полнење на батериите и сето тоа спакувано во АМГ изведба („мерцедес – амг гле 53 хибрид 4 матик +“). Најновото во овој „гле амг“ е неговиот погонски агрегат, нова изведба на бензинскиот 3,0 литарскиот со шест цилиндри и електромотор сместен меѓу класичниот мотор и менувачот. Вкупната комбинирана силина од 544 КС произлегува од силината (449 КС) на бензинскиот мотор и електричниот со своите 136 коњи, додека вкупниот максимален вртежен момент изнесува огромни 750 Нм. Некој сега би рекол тоа е ништо во споредба со електромобилите и во право е.

Литиум јонската батерија од 31,2 kWh го снабдува електромоторот со струја, а тоа е доволно „мерцедес – амг гле 53 хибрид 4 матик +“ да измине помеѓу 80 и 86 км за „сув“ изведбата, односно од 82 до 87 км за купето. Крајната брзина е ограничена на 250 км/ч, а забрзувањето е 4,7 сек. од 0 до 100 км/ч, додека само со електричниот погон возилото може да се движи најмногу со 140 км/ч. Вакви брзини и тежината од батериите мора да биде „припитомена“ од добри сопирачки. Затоа конструкторите овој уред го унапредуваат со вградување на 400 мм дискови напред и 370 мм назад.

Како што велат официјалните извори, потрошувачката е премногу ниска благодарение на електромоторот – 1,5 до 1,3 л/100 км, односно 1,4 до 1,2 л/100 км. Овие вредности важат во првите 100 км, кога батеријата е полна, но и потоа потрошувачката на гориво е мала и воопшто не е како во возилата со класичен бензински или дизел мотор.

Умерената технологија оди на заслужен одмор, а на сцена стапува хибридниот погон. Како дополнување на горенаведеното, на светот му „врие“ и затоа многу производители подготвуваат најсовремена технологија за користење на водородот како кај копнените, така и кај леталата и пловилата.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.