Nissan – „Нисан з 400“ и 50 години од моделот „з“

10/05/2020

Некаде во првата половина од 2022 година Нисан планира светска премиера на моделот „з“. Досега покрај буквата стоеше бројката 360, но новата генерација ќе ја носи бројката 400, односно името на моделот ќе биде „з 400“. Покрај купе изведбата, конструкторите подготвуваат и отворена, но сигурно нема да биде изоставена таа со најмногу коњски сили, односно изведбата со наставка „нисмо“ која воедно е наменета за трки.

Моторот кој ќе се вградува е со работна зафатнина од 3,0 литри и со двоен турбо компресор ќе произведува 480 КС. Изведбата „нисмо“ ќе има повеќе, а колку повеќе тоа засега е тајна и предмет на озборувања и шпекулации. Официјални фотографии сè уште нема, затоа текстов ќе оди заедно со фотографија од модeлот „з 370“.

И колку за потсетување, годинава моделот „з“ слави 50. години од своето постоење. Првиот „з“ модел е претставен во 1969 год под името „з 240“.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.