McLAREN ARTURA-МЕКЛАРЕНОВИОТ ПРВ ХИБРИД

01/03/2021

Во домашна атмосфера, Мекларен го претстави првиот електрифициран модел кој е сместен меѓу „гт“ и моделот „720 с“, врвот во семејството. На прв поглед автомобилот не отскокнува многу од останатите модели во однос на обликот. Дели многу линии со претходниците и од една страна тоа е добро, но од друга страна и не е затоа што премногу личи на претходниците. Јавноста не очекуваше радикално поинаков дизајн, но барем малку да биде поинаков, а не сличен речиси како близнаци.

Овој модел отвора нова страна за марката во создавањето автомобили затоа што е хибрид од кој најверојатно ќе биде развиен и првиот целосно електричен модел. Направен е на основа од новата и лесна карбонска шасија именувана како „мцла“. На таа шасија е поставен мотор со зафатнина од 3,0 литри со шест цилиндри распоредени во V под агол од 120 степени. Со двоен турбо компресор „мекларен артура“ постигнува фасцинантни забрзувања, од 0 до 100 км/ч потребни му се само 3,0 секунди, од 0 до 200 км/ч 8,3 секунди и од 0 до 300 км/ч за 21 секунда. Сето тоа е овозможено од 680 КС, 585 се на V6 турбо моторот, а остатокот од силината е во сопственост на електромоторите. Ото моторо е сосема нов и е направен специјално за моделот „артура“.

Вкупната тежина на „мекларен артура“ изнесува 1395 кг, а само хибридните делови тежат вкупно 130 кг, од кои 88 кг отпаѓаат на батеријата и 15,4 на електромоторот, остатокот се најразновидни држачи и други пропратни делови. Кога автомобилот е задвижуван само со електрична енергија, може да измине не повеќе од 30 километри.

Покрај наведените новости, моделот „артура“ има уште една, а тоа е целосно новото задно подвозје заедно со електронски контролираниот диференцијал кој, исто така, е вграден за првпат. Овие нешта му даваат на купето врвна подвижност од една страна, а од друга врвна стабилност. Возачот може да бира помеѓу трите режими на возење: „удобно“, „спортско“ и „патека“, се мисли на тркачка. Секој од овие режими поинаку го „крои“ нивото на цврстина на амортизерите, а исто така го подесува и електронскиот диференцијал. Цената на овој луксуз е околу 500.000 долари.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.