MAZDA-Повторно „бт 50“

16/06/2020

Затоа што Исузу не им чинеше во С. Америка, затоа Мазда сега ќе ја користи неговата основа за обновената втора генерација од пикапот „бт 50“. Производството е речиси започнато и се чека само на светската премиера, најверојатно преку интернетот на 17 јуни. Засега производителот прикажува делови во „сенка“ од возилото и секој пат го најавува денот на првичното прикажување.

Според досегашните нешта, Мазда има долга традиција во производството на пикап возила, така што новава (обновена) генерација ќе биде продолжение на нејзините вредности.

Според потребите на пазарите, во „мазда бт 50“ ќе бидат вградувани мотори со различна зафатнина. Конструкторите велат најснажниот има работна зафатнина од 3,0 литри и 190 КС на располагање кои ќе се пренесуваат на сите тркала преку шестстепен автоматски или обичен менувач. Само едно не е јасно. Новиов модел ќе биде наменет за Далечниот Исток и Австралија со Полинезија и Микронезија, но првите примероци ќе бидат испорачани на само на австралискиот континент туку и во Африка, во текот на наредната година. А каде и кога остатокот од светот ќе го добијат на продажба обновениот модел од втората генерација на пикапот „бт 50“ треба да одговори производителот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.