Јапонската манифестација посветена на моторните возила, но и на сѐ друго што има тркала, мина во удобна атмосфера за посетитлите и секако за новинарите затоа што имаа што да видат. Покрај занимливите содржини подготвени од страна на организаторот, а неменети за посетителите, автомобилската индустрија настапи раскошно, посебно домашната која успеа да изложи повеќе концепти, од кои еден од најзабележителните беше „мазда иконик сп“. Како нема да биде забележан овој модел, кога се работи за автомобил во класична купе каросерија. Мошне занимлив дизајн кој малку од малку потсетува на првата генерација од моделот „м икс 5“, само што сега е присутен мигот наречен развлекување и сето тоа ставање во облик на плочка. Ова посебно важи за предниот дел. Понатамошно објаснување за дизајнот не е потребно затоа што нагласивме, концептот е класично купе, облик занимлив за сечие око, независно дали некои се или не се љубители на автомобили.
Највпечатливиот дел од купето, покрај допадливиот облик, е неговата погонска единица составена од два ванкел мотори и електромотор кој црпи електрична енергија од батериите. Сепак следново е изненадувачко, а тоа се ванкел моторите кои создаваат електрична енергија, а потоа таа се складира во батериите. Тука не завршува изненадувањето, туку продолжува. Двата ванкел (ротациони) мотори можат да користат повеќе видови горива, дури се спомнува и водородот. Ако овој тип погонска единица успее да заживее, Мазда ќе успее да направи светски „бум“ ист како тој од минатиот век кога го претстави моделот „м икс 5“ со кој производителот постигна разурнувачки светски рекорд, незамислив дотогаш за отворен (кабрио) автомобил. Сега си го поставуваме прашањето дали концептот „мазда иконик сп“ кој располага со дури 370 КС и димензии 4.180 х 1.850 х 1.150 мм (должина, ширина, висина) ќе го повтори успехот на сега легендарниот модел „м икс петка“.
Да се надеваме дека Мазда веќе работи на планот за сериско производство на концептот кој на оваа саемска манифестација доживеа светска премиера.