Поатрактивен од било кога, новиот BMW Серија 3 седан ја доживеа својата македонска премиера. Компанијата „М Кар“, ја претстави седмата генерација на спортскиот седан. Зрачејќи со динамичен дизајн, агилно управување, исклучителна ефикасност и иновативни елементи на опремата, новиот BMW ги присвојува сите карактеристики што се белег на еден BMW модел, а потоа неколкукратно ги подобрува.
Седанот не само што го претставува јадрото на гамата на BMW Серија 3, туку е и срцето на BMW брендот. BMW Серија 3 e автомобил кој е продаден во повеќе од 15 милиони примероци ширум светот, за многумина беше и остана врвот на сите спортски седани. Новиот BMW Серија 3 седан доаѓа со значително зголемена спортска маестралност, нов дизајнерски јазик, опширни подобрувања во неговиот премиум амбиент и пионерска технологија за помош при возење, контрола и поврзување. Се карактеризира со сосема нови интерпретации на традиционалните елементи на дизајнот како “Хофмаистер Кик”, бубрезите и фаровите.
Почетните модели од понудата се 320i, 330i (190 КС или 252 КС) 318d, 320d, 320dx, 330d. Oд средина на јули, се очекуваат и M340i xDrive и 330e plug-in hybrid (ултраспортска BMW M Performance верзија и особено ефикасен модел со plug-in хибриден погонски систем.) Новиот BMW Серија 3 е веќе во продажба, со почетната цена од 38.900,00 евра, за моделот 318d. За време на презентацијата, компанијата „М Кар“ воедно го претстави и најновиот проект на македонска музичка легенда, Влатко Стефановски и легендарниот BMW модел. Познтатиот музичар, креираше своја верзија на препознатливото BMW звучно лого, кое увозникот го промовираше со кампања за новиот BMW Серија 3 Седан.