Веднаш да разјасниме зошто ја спомнуваме Икеа – тоа е нејзиниот начин на работа. Произведуваат делови, ги пакуваат, а потоа ги праќаат насекаде по светот во работилници каде се склопува мебелот. Истиот рецепт сакаат да го применат и за малото градско возило наречено „лувли 0“, односно зборот е кратенка од „лајт јутилити викл“ и додале две букви за да наликува на „лавли“.
Две седишта, две батерии, едната дома се полни, со другата возите, а потоа ја менувате и продолжувате со возење. Двоседот со должина од 2.700 мм изминува 100 км, а потоа потребно е да ја ставите наполнетата батерија. Времетраење на полнењето е само еден час на домашен приклучок. Возилото тежи 380 кг, батеријата само 15 кг, додека одделот за товар располага со 268 литри простор.
Производителот подготвува три изведби, една класична, другата кабриолет и третата како доставно возило. Основниот модел ќе чини малку повеќе, околу 10.000 – 11.000 евра, нешто слично како „бјд сигул“, но „бјд сигул“ е долго 3.8 м и е две класи над „лувли 0“.
Жарко Атанасоски