Кинескиот производител Луцид продолжува да работи со несмалено темпо и најавува трет модел во семејството покрај двата претходно, „ер“ и „гревити“. Според првата фотографија конструкторите од Луцид Моторс подготвуваат сув модел со средни димензии и според Петер Равлинсон, челникот на Луцид Моторс, новиот сув ќе биде директен конкурент на Теслините модели „3“ и „ипсилон“. Потоа најавуваат дека возилото ќе изминува исто растојание како и останатите од класата со едно полнење на батеријата. Сепак нагласуваат дека нивната батерија ќе биде помала, а со тоа и полесна од таа на конкуренцијата. Помала тежина на батеријата и воедно помала по обем, значи многу за еден електричен автомобил. На ова ќе се додаде и вградувањето на супериорната технологија и малите трошоци за одржување. Токму тука Луцид ја гледа својата предност при продажбата, иако неговата цена (под 50.000 долари) не е меѓу тие најповолните, но е конкурентна во однос на поголемиот број возила од класата.
Една фотографија и неколку генералии за новото возило и тоа е сѐ. Наредната година, најверојатно при најавување како концепт, ќе бидат спомнати останатите детали, а почетокот на продажбата е планирана за почетокот од 2026 год.