LOTUS-Лотус продава тркачка историја

08/05/2020

Ова е пример како треба да се негува историјата, а со тоа да се зачува и традицијата која играла и сè уште игра суштинска улога во опстанок на марката Лотус. Тоа е главната причина зошто Лотус го најави производството на овие четири своевидни болиди – да се овековечи, да не се заборават славните времиња и возачи.

Како основа за оваа прилика користен е моделот „елис спорт 220“. Синиот „болид“ со бела трака на задниот дел ги носи спомените на вистинскиот болид „лотус тип 18“ возен од Стирлинг Мос во 1060 година со кој ја има освоено воопшто првата полпозиција и првата победа за тимот на Лотус на едно гран при, во случајов победа за ГН на Монако.

Црвениот „болид“ со бело златна трака е посветен на болидот од 1968 година возен од Грем Хил, додека синиот со црвена и сребрена трака го претставува тој вистинскиот од 1981 година возен од легендите: Елио де Анџелис, Марио Андрети и Најџел Мансел.

Четвртиот „болид“, црно обоениот со златна трака можеби е најпознатиот за поширокиот дел од читателите. Во тие бои беше обоен легендарниот болид на Колин Чепмен, моделот „72 д“ со кој Големиот Емо (Емерсон Фитипалди) победи на пет трки во сезоната 1972.

Само 100 примероци од овие „болиди“ ќе излезат од работилницата Лотус и истите се веќе распоредени кој пазар колку ќе добие, а потенцијалните купувачи на нивно барање ќе бираат која изведба ја сакаат од спомнатите четири, односно нема да бидат произведени по 25 примероци од секоја, туку како ќе посакаат купувачите, таков „болид“ ќе испорача производителот.

 

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.