Моделот „ис“ е припадник на премиум компактната класа и со тоа претставува директен конкурент на „алфа ромео џулија“, „ауди а4“, „бмв 3“, „мерцедес ц класа“, „инфинити ку50“ и „акура акорд“. За справување со конкуренцијата Лексус ја понуди четвртата генерација од популарниот модел „ис“. Бидејќи Лексус нема дизел мотори остануваат трите бензински од кои третиот со зафатнина од 2,5 литри со четири цилиндри тој е хибриден и поседува 180 КС („ис 300х“). Едниот од преостанатите два агрегати е реден четирицилиндричен со зафатнина од 2,0 литри кој со помош на турбо компресор развива 245 КС („ис 300“), додека другиот е V6 со зафатнина од 3,5 литри и 316 КС („ис 350“).
За поголема удобност, но и подобро лепење за асфалтот, Лексус ги вградува своите амортизери со двојни вентили, едниот поголем за справување со поголеми нерамнини на асфалтот, а кога нерамнините се мали тогаш одговорен за работата на амортизерот е малиот вентил.
Со овој метод на конструирање амортизери се овозможува нивна подолга експлоатација, но и стабилно однесување на автомобилот при поголеми брзини.
Производството се одвива во матичната земја, но сите мислеа дека новиот „ис“ ќе се произведува во досегашната фабрика која претставува своевидна лабораторија каде погонот на задните тркала е доведен до перфекција, но производството е префрлено во новите погони. Во зависнот од пазарите, „лексус ис“ ќе стигне до купувачите на крајот од оваа и на почетокот од идната година.
Жарко Атанасоски