116 години старата италијанска марка денес не е ни на стаклени нозе, туку ја нема никаде. На кое ниво е сега марката која царуваше во Светскиот шампионат во рели, која беше препознатлива по специфичниот луксуз, како на пример некогаш престижниот градски модел „ипсилон 10“. Сигурно се сеќавате на него. Ланча во неколку класи имаше модел со таков луксуз, но попатно некаде се изгуби и сега ја нема во продажба. Слушнавме дека постоела само на домашниот пазар и тоа единствено во изданието „ипсилон“.
Сепак, за Ланча април беше успешен, го претстави концептот „пу + ра хпе“, класична комби лимузина, но со ултра современ дизајн. Ова е само концепт, а никако чекор до сериски автомобил. Малку е чудно што Ланча претставува концепт лимузина со пет врати, а за 2024 год. најавува доаѓање на нов „ипсилон“. Како што тргнале работите ни тие самите не знаат што прават, но да видиме што ќе се случи следната година, дали новиот „ипсилон“ воопшто ќе биде претставен.
Стелантис, сегашниот сопственик на Ланча ѝ даде еден вид ултиматум во наредните три години да направи план за развој и ако планот помине на „испит“, Ланча ќе опстане, во спротивно марката ќе биде згасната.
Творците на „пу + ра хпе“ велат дека тоа е врвна лимузина со радиус на движење од солидни 700 км, батеријата се полни до 80 % за одлични 10 минути. Сега засега толку од Ланча, да видиме што ќе се случи на крајот од оваа и почетокот на наредната година, односно дали и на кој датум ќе се појави новиот „ипсилон“.
Жарко Атанасоски