Комисијата објави податоци за стратегијата за безбедност на патиштата 2021-2030

11/07/2019

На 19 јуни, Европската комисија објави работен документ во кој детално се наведува начинот на кој Комисијата има намера да го имплементира својот стратешки акционен план за безбедност на патиштата во пракса. Документот ги наведува клучните индикатори за успешност (КПИ) кои ќе бидат следени во ЕУ за да се реализира поставената цел која се однесува на  намалување на смртните случаи и сериозните повреди на патиштата за 50% до 2030 година.

Комисијата објави дека ќе продолжи работата за понатамошен развој на некои од индикаторите и за додавање на дополнителни индикатори со текот на времето.

Комисијата утврди области каде што ќе биде потребен развој за соочување со нови трендови:

  • Економијата на размена – развој на eScooters и шеми за споделување на возила и велосипед.
  • Создавање на синергија помеѓу безбедноста и одржливоста, како што се намалување на употребата на автомобилите за намалување на загадувањето на воздухот, но исто така и подобрување на безбедноста за велосипедистите и пешаците.
  • Создавање сигурен и достапен пристап за ранливите учесници во сообраќајот.
  • Родови аспекти на безбедноста на патиштата, со фокус на безбедносните системи и употреба на женска кукла за испитување на безбедноста на возилата при тешки удари.

При поставувањето на клучните индикатори за успешност, Комисијата го базира својот план на пристапот “безбеден систем” кој тврди дека смртта и сериозните повреди во судирите на патиштата не се неизбежна цена која треба да се плати за за мобилност. Пристапот на безбеден систем прифаќа дека луѓето прават грешки и бара соодветна комбинација на мерки со кои ќе се спречи луѓето да умрат од овие грешки.

 

Извор: Работен документ на ЕУ – Следни чекори кон “Визија нула”

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.