Јапонскиот дизајнерски маг Кен Окујама, некогаш главен во познатото студио Пининфарина, а денес сопственик на Кен Окујама Дизајн, на познатата манифестација Конкурс на елеганцијата Вила де Есте го претстави своето најново чудо на четири тркала наречено „код 61 брдкејџ“.
Инспирацијата за ова чудо е црпена од некогашниот тркачки автомобил од Масерати со име „типо 61“ кој жарел и палел во минатиот век во 1959 до 1961 год. Во 2005 година Пининфарина го претстави концептот „масерати бирдкејџ 75“ обликуван од Кен Окујама и тимот дизајнери во спомнатото студио. Претставен во Женева во 2005 година, но повторно е изложен и во 2018, исто така, во Женева. И од концептов, Кен Окујама црпел инспирација, така што не видел многу мака при создавањето на „окујама код 61 бирдкејџ“, односно сѐ му било познато, немало никакви нејаснотии околу дизајнот. Сигурно дека немал нејаснотии затоа што најновото дело постепено е создавано цели 18 години.
Супер двоседот со дизајн од кој ќе ве заболи главата, нема покрив, а ниту ветробранско стакло, има обичен менувач и управувач како во болидите од формула 1. Целосно рачно изработеното купе ќе се произведува во ограничени количини. Бројката засега е непозната, но сигурно цената ќе биде многу висока затоа што автомобилот нуди ексклузивитет. Не е познато каков мотор ќе се вградува во купето „окујама код 61 брдкејџ“, а уште помалку се познати детали за менувачот и останатите детали.
Кен Окујама изјави дека купето ќе се прави во фабриката Јамагата во Јапонија. За крај една куса информација, Кен Окујама бил главен во дизајнерското студио Пининфарина и е творец на легендарниот „ферари енцо“.