КИНОА САЛАТА

18/02/2022

Состојки

• 50 грама киноа
• 1/4 марула
• 30 грама маслинки
• 30 грама шери домати
• 20 грама ротквици
• 30 грама црвена зелка
• 10 грама суво грозје
• 10 грама лист од бадем
• маслиново масло
• сол
• оцет

 

 

 

Подготовка:

Сварете киноа според инструкциите на пакувањето, а потоа исцедете ја и ставете ја во сад да се излади. На страна ситно исецкајте ја марулата, изрендајте ја зелката, шери доматите пресечете ги на половинки, а маслинките и ротквиците на помали парчиња. Во садот со киноа додадете ги сецканите производи, зачинете со маслиново масло, сол и бибер по вкус. На крајот декорирајте ја салатата со листови од бадем. Уживајте во неповторливиот вкус на оваа салата!

ДОБАР АПЕТИТ!

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ