KIA–Третата генерација со редизајн

28/05/2020

Компанијата „КИА“ тргнала во офанзива и не запира. Нејзиното најново претставено чудо на четири тркала е рестилизираното „пиканто“, најмалиот автомобил во семејството, припадник на сегментот „а“. Малку видоизменета маска, односно нов „нос“, а заедно со него изменети се и предните светла, а тука е некаде и предниот одбојник со новите светла за магла.

Внатре  доминира таблата со двата дисплејa, едниот со дијагонала од 4,2 инчи и двојно поголемиот 8,0 инчниот, но генерално одделот за патници нема толку измени колку што има надворешноста.

Што се однесува до употребата на современите електроники во служба на безбедноста, Киа овој дел го дополнила со: предупредување од челен судар, постојано набљудување на слепата точка и предупредување при излегување од паркинг при движење наназад.

Во делот на погонските единици, атмосферскиот трицилиндричен со зафатнина од еден литар дополнително е доработен со што е подобрена, намалена, потрошувачката на гориво и притоа има добиено неколку коњски сили повеќе од моделот на заминување, 76 во однос на досегашните 67 КС. Сè уште не е познато дали конструкторите имаат направени слични измени на четирицилиндричниот 1,2 литарски мотор.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.