KIA TASMAN WEEKENDER-„ТАСМАН“ ВО „ВИКЕНДЕР“ ИЗВЕДБА

05/05/2025

Успешната приказна на Киа продолжува со концептот „тасман викендер“, возило со засилени (хардкор) теренски одлики, прикажан на неодамна одржаниот Салон за автомобили во Сеул. Моделот „тасман“ беше за првпат прикажан минатата година на 29 октомври и тоа истовремено на две манифестации, на Салонот за автомобили во Џеда, Саудиска Арабија и Хобарт, Тасманија. И со право еден пикап има светска премиера во тие делови од светот затоа што таму и на слични други места на планетава, камионетите (пикап) вршат добра работа – тие возила се најсоодветни за полупустинските и пустинските предели. Во овој „хард кор“ теренски сегмент орото го водат: Тојота, Форд и Исузу. Ако Киа одлучи сериско производство на „тасман викендер“, тогаш и таа ќе влезе во тој круг на „хардкор“ теренски возила.

Производителот отиде подалеку со концептот „тасман викендер“, покажувајќи му на светот дека има и „потеренска“ изведба од таа сериската прикажана минатата година. Неколку сантиметри повисока основа, зајакнато подвозје и 35 инчни „бф гудрич“ пневматици за секаков терен. Две погонски единици се вградуваат во обичниот „тасман“, 2,5 литри бензински турбо и 2,2 турбо дизел мотор. Има и V6 бензински, но е отстранет демек не ги задоволува строгите прописи за издувните гасови. Сепак, не е заборавен и ако има потреба ќе биде вратен во комбинација со умерена хибридна технологија.

Сѐ уште е неизвесно што навистина подготвува Киа, дали „тасман викендерот“ воопшто ќе влезе во сериско производство и кога? Би било вистинска штета ако едно вакво возило продолжи да собира прашина во некој склад или музејско депо. И секако, доколку Киа одлучи сериско производство, дизајнот од концептот мора да биде целосно превземен, а не да се прават отстапки и со тоа да се задуши оригиналниот див облик.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.