KIA-НОВИОТ „СУВ“ ЌЕ ДОПАТУВА ВО ЖЕНЕВА

18/02/2020

Пред неколку денови КИА објави два цртежи на кои се приметува силуета на нов „сув“. Во кусиот текст проследен заедно со цртежите, производителот најавува светска премиера на моделот „соренто“ на Салонот за автомобили во Женева што ќе се одржи од 5 до 15 март.

Според првичните гласини, новата генерација  на „соренто“ ќе располага со должина од импресивни 4,8 метри со што кажува одење во повисоката класа. До каде ќе стаса КИА со новиот „соренто“ ќе дознаеме веднаш по првичното прикажување на 3 март. Деновите пред официјалното отворање на вратите за посетителите, 3 и 4 март се денови наменети исклучиво за новинарите.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.