Минаа пет години откако КИА го претстави моделот „ниро“. Тоа е двопросторен автомобил со облик кој во моментов е најпосакуван од купувачите, односно „сув“. По пет години производителот подготви нов (обновен) модел и го претстави на саемската манифестација наречена Сеул Мобилити Шоу. Новиот изглед, новите линии се позајмени од „хабаниро“ од 2019 година, концепт со многу привлечен дизајн. И обновената генерација од моделот ниро ги поседува тие допадливи линии кои покрај другите ќе бидат едни од главните адути за успешна продажба.
Севкупната конструкција на новиот „ниро“ е во склоп со природата, како што кажува производителот. Дури и боите кои ќе се користат во внатрешноста, се правени со најнова технологија, боја на водена основа без: ксилен, бензен и толуен, а ткаенината наменета за седиштата е изработена од листови од еукалиптус.
Сегашната генерација нуди три видови погон, хибриден, плаг ин хибрид и целосно електричен со 201 коњска сила. Слични погони ќе бидат понудени и во втората генерација која ја очекуваме да „продефилира“ во продажните салони наредната година, најнапред на пазарите кои се од витално значење за компанијата, а веднаш потоа и на останатите.
По пет години нов модел и не е така препорачливо. Затоа голем дел од јавните гласила го опишуваат новиот „ниро“ не како нова генерација (нов модел), туку како обновување на моделот, редизајн, рестилизација.
Жарко Атанасоски