ПРЕПОЗНАТЛИВИОТ БЕЏ ЗА МОДЕЛОТ „PROCEED“ Е НЕШТО КОЕ ГО ИМАТЕ ЗАБЕЛЕЖАНО И ПРЕТХОДНО КАКО ДЕЛ ОД ГАМАТА НА КОРЕЈСКИОТ БРЕНД КИА, НО ОВОЈ ПАТ ТОЈ ПРИСТИГНУВА СО СОСЕМА НОВО НИВО НА ЕНТЕРИЕР И ЕКСТЕРИЕР.
Наместо да зборуваме за хечбек со 3 врати во купе варијанта, сега имаме нова линија на автомобил со иновативна каросериска изведба препознатлива како „shooting brake“.
Новиот Kia ProCeed го претставува третиот каросериски модел во семејството CEED. Третата генерација на модел кој е произведен на препознатливата „K2 платформа“. Моделот ProCeed е автомобилот кој ги тестира правилата на просторот наспроти разновидноста и ја предизвикува перцепцијата на перформансите. Новата гама на Kia ProCeed нуди два впечатливи модели – GT и GT Line. Динамичната линија на покривот со елегантни контури околу цврстата извајана каросерија, дизајнирана за да му го даде на овој модел спортскиот карактер и сето тоа го заокружуваат 18” тркала од лесна легура, уникатните предни и задни LED светла во вид на коцка мраз, двослојниот заден браник и двете издувни цевки што го потврдуваат спортскиот изглед на новиот ProCeed.
Не се изоставени спортските странични украси во впеНОВОСТИ чатливата црвена боја, црната предна решетка налик на нос од тигар, предниот браник и амблемот GT.
Каросериската изведба на новиот ProCeed доаѓа со 594 литри багажен простор, кој е меѓу најдобрите во сегментот. Внатрешноста на моделот му пркоси на конвенционалното и ги промовира принципите на впечатливиот дизајн и спортскиот стил. Возбудата на префинетоста се достапни за возачите, но и за патниците.
Во поглед на безбедностниот систем кој го поседува новиот Kia ProCeed би ги издвоиле паметниот темпомат, помош за задружување во сообраќајна лента, помош за следење на сообраќајна лента, помош за избегнување од сообраќајна незгода, предупредување за постојано внимание на возачот, паметна помош за паркирање и предупредување за сообраќајна незгода од заден вкрстен сообраќај.
Агрегатите на двата модели (GT и GT Line) доаѓаат во конфигурација со 120 КС, 140 КС и 2014 КС за бензинците и 136 КС за единствената дизелска опција, истите се конструирани за максимални перформанси, со суспензија и регулатори за да се додаде авантуристичкото чувство на секое патување.•