KIA EV5 SUV-CONCEPT КОНЦЕПТ СО СЕРИСКИ „ОБЛИК“

03/04/2023

Во неверојатно кус период Киа претстави два модели. Буквално пред неколку денови го претстави моделот „ев 9“, а потоа одговорните отидоа во Кина и таму на манифестацијата „Киините кинески ЕВ денови“ го претстави концептот „ев 5“. Овој модел е продолжение на богатиот список од сув возила во семејството. Според Карим Хабиб, главниот дизајнер во Киа, концептот „ев 5“ е создаден според најстрогите правила и прописи за заштита на животната средина и воедно да ги задоволи вкусовите и потребите на современиот возач.

 

„Обединување на спротивностите“ така е наречена новата дизајнерска филозофија во Киа  со која творците сакаат да направат спој помеѓу природното и современиот живот и воедно дизајнот да го нагласи напредокот на компанијата. Во сета гужва за дизајнот, Киа го нагласува и предниот дел, односно маската која според творците потсетува на тигарски нос, детаљ кој не испуштаат да го спомнат. Како и да е, сепак концептот „ев 5“ не носи некој радикален облик, туку многу наликува на „ев 9“, односно Киа сака да создаде дизајнерска линија со која ќе биде препознатлива во однос на останатите марки.

Според фотографиите концептот е речиси сериско возило и најверојатно при производството нема да биде менуван обликот. Така отприлика е обликуван концептот „ев 5“, а колку во сето тоа ќе успеат вработените останува да видиме.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.