Еве уште еден член од семејството Киа именуван како „ев“, а бројката овој пат е „3“, односно Киа го претстави моделот „ев 3“ најмалиот електричен сув во семејството. Штом е најмал тоа значи ќе биде и најевтин од сите претходни? Токму така, „ев 3“ велат ќе има цена најниска од сите досегашни „ев“. Дали и колку е сето тоа евтино или скапо, времето ќе покаже.
Возилото со должина од 4,3 м има оддел за товар со зафатнина од 460 л или 1.250 ако потпирачот од задната клупа е спуштен. Меѓуоскиното растојание брои 2.680 мм што е доволно за удобно сместување на пет патници. Во тој оддел битна е ширината, а таа изнесува 1.850 мм, додека висината изнесува точно 1.560 мм.
Не е чудно што обликот многу потсетува на останатите од семејството „ев“. Тоа е непишано правило, моделите од една марка да бидат слични во многу нешта, нарочно со дизајнот за да бидат препознатливи.
И додека електромобилите бележат пад во продажбата, а некои производители го прекинаа производството, некои други како Киа и натаму претставуваат нови електрични модели, слично како и Нисан, но не и Фолксваген.
Во понудата од погонски единици има еден електромотор со две батерии, 58,3 kWh и 81,4 kWh. Со првата изминувате 410, а со втората 560 км, но по која цена?