Карма Аутомотив и Пининфарина заедно. Не дека не е можно, но двете компании се толку различни во секој поглед што малку повеќе е чуден овој спој. Сепак соработката на обете компании е повеќе од задоволителна, а резултатот е фантастичен, класика од купе лимузина и секако гран туризмо и никако поинаку. Штета што автомобилот, барем засега, е само концепт.
Ако го оставите студиото „Пининфарина“ да фантазира тогаш на виделина излегуваат прекрасни нешта од кои ни се врти во умот. Креацијата е наречена „карма гт бај пининфарина концепт“. Ако јавноста позитивно одговори на оваа скулптура, тогаш Карма Аутомотив и Пининфарина имаат план автомобилот да го внесат во производство и се разбира, само во ограничена серија. Кога работите би тргнале на , „карма гт бај пининфарина“ ќе се произведува во атељето на Пининфарина недалеку од Торино.