JEEP AVENGER-ПРВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН МОДЕЛ НА ЏИП

16/11/2022

Ако по нешто е позната марката Џип тогаш тоа е нивната способност да совладуваат речиси секакви терени. Неодамна беше претставен концептот авенџер, а сега и неговата сериска изведба. Рака на срце концептот не се разликува по ништо од серискиот модел. Овој модел е значаен за семејството по тоа што е најмал досега произведен и е првиот целосно електрифициран. Направен е на основата наречена „е цмп“, истата на која се направени и опел мока и пежо 2008“. „Џип авенџер“ е скоро 4,0 метри долг и на располагање ви се 380 литри товарен простор. Електромоторот има силина од 156 КС и со едно полнење на батеријата возилото изминува солидни (или максимални) 550 км.

Погон на две или на четири тркала? Најнапред на две, за веднаш потоа да стасаат и примероци со погон на сите тркала. Изведбата со погон на сите тркала е повисока од „обичната“ поради зголеменото растојание од тлото до најниската точка од возилото кое изнесува 20 см. Сега се нуди само електричната изведба, но производителот најверојатно подготвува и хибридна со бензински мотор. „Џип авенгер“ е наменет пред сѐ за  пазарот од континентов и затоа тука ќе се произведува, односно во Полска, а продажбата ќе започне во првата половина од наредната година.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.