Hyundai-„Туксон Четврти“ пристигна

18/09/2020

Новиот „туксон“ е уште еден доказ за големиот интерес на Хјундаи за овој дел од светскиот автомобилски пазар. На европско тло има свој развоен центар и производство со цел што е можно повеќе да биде до проблематичниот вкус на овдешните купувачи. „Хјундаи туксон“ по четврти пат ќе продефилира како нов модел, но треба да се нагласи следново, три од четирите генерации водат потекло од континентов. Првиот „туксон“ се појави пред 16 години и доживеа четврта генерација, а претходните три зад себе оставија седум милиони примероци од кои 1,4 милиони на европско тло. И сега, приказната продолжува така што „туксон четврти“ е поголем во однос на претходникот – во должина пораснал за 20 мм, односно поседува точно 4500 мм. Поширок е за 15 мм и сега во „струкот“ е 1865 мм и висок е 1650 мм што е за 5,0 мм повеќе од претходникот.

Новиот „туксон“ ќе биде задвижуван со помош на неколку погонски единици, две класични, турбо бензинска 1,6 со 150 КС и турбодизел 1,6 со 115 КС. Покрај овие, ќе бидат присутни и хибридните 1,6 литарскиот бензински мотор во комбинација со 44,2 киловатниот електромотор напојуван од 1,5 kWh литиум јонска батерија или вкупно 230 КС. Подоцна, некаде во 2021 година, ќе се приклучи и плаг ин хибридниот со скоро 270 КС, како и изведбата со ознака „н лајн“, за која велат ќе биде најбрзата.

Купувачите ќе можат да бираат помеѓу погонот само на предната оска, или и на двете, односно на сите тркала. За преносот на силината од моторите ќе се грижат и обичен и автоматски менувач, во зависност од изведбата на возилото. За измените во надворешниот и внатрешниот дизајн нема да коментираме и објаснуваме, тоа им го оставаме на дизајнерите.

„Хјундаи Мотор Манифактуринг Чеш“ е фабриката во која ќе се произведува четвртата генерација од моделот „туксон“, а се наоѓа во местото Ношовице во Чешка.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.