HYUNDAI TUCSON-НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА ДОСТАПНА И ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КУПУВАЧИ

16/04/2021

Новата генерација на Hyundai Tucson преку дигитална премиера дебитираше пред македонската јавност. Четвртата генерација на SUV моделот Tucson е обликуван со новиот дизајнерскиот јазик на компанијата, во согласност со тоа тука е новата предна решетка со „параметрички сoкриени дневни светла“, а позади се наоѓа радикално променетата задница која вклучува одделни задни светла, скриени задни брисачи поставени под спојлерот и агресивен дифузер. Новиот Tucson порасна во однос на претходникот кога станува збор за димензиите. Така, автомобилот сега е поголем за 20 милиметри во ширина и должина, 5 милиметри во висина, а има 10 милиметри поголемо меѓуосовинско растојание. Кабинскиот простор е изведен по највисоките стандарди на компанијата и изобилува со многу простор кој е изработен од висококвалитетни материјали. Внатрешноста доби и нов дизајн на контролната табла и централната конзола, на која во зависност од нивото на опрема екранот на инфозабавниот систем може да биде со големина од 8 до 10,25-инчи,  пред возачот е новата дигитална инструмент табла која го менува приказот во зависност од избраниот режим на возење.

На македонскиот пазар Hyundai Tucson ќе се нуди со шест нивоа на опременост. За моторизацијата се задолжени 1,6-литарски турбо бензинец со 150 или 180 КС и погон на две или сите четири тркала, како и шестстепен мануелен или седумстепениот DCT менувач. Дизелските варијанти, исто така, се задвижувани од 1.6 литарски агрегат со моќност од 115 или 136 КС, послабиот мотор доаѓа со мануелен шестстепен, а помоќниот со автоматски седумстепен менувач каде што се нуди и погон на сите тркала. Цената на бензинците се позиционирани од 23.900 до 38.800 евра, додека цените за дизелските извеби се движат во распон од  25.500 до 39.900 евра.

Со цел да се комплетира понудата, наскоро се очекува и пристигнување на две нови верзии, а станува збор за класична хибридна изведба и plug-in хибридна варијанта.

 

Данчо Здравковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.