Некаде на средината од месец септември, Хјундаи пушти во оптек неколку фотографии од изменетиот „и 30 н“ кој допрва треба да доживее прво светско претставување. Светското претставување се случи и сега светот го има новиот „хјундаи и 30 н“. Тоа „н“ во неговото име значи нешто повеќе отколку останатите од семејството „и 30“. Зборуваме за најснажната изведба која во себе има 250 КС извадени од реден четирицилиндричен турбо мотор.
Описот на погонската единица е базирана на претходниот модел, 2,0 литри четири цилиндри со турбо компресор. Доколку купувачот сака засилена изведба од моделот, тогаш нека го одбере пакетот „перформанс“ и златната рипка (парите) ќе му подари дополнителни 30 КС, односно вкупно 280. Со спомнатиот мотор „и 30 н“ постигнува 100 км/ч тргнувајќи од место за 6,1 секунда и тоа со обичен менувач. Aвтоматскиот менувач има осум брзини и времето на забрзување до 100 км/ч е во клубот „пет секунди“.
Тука се и поголемите отвори за ладење на моторот и воедно поголеми отвори за ладење на дисковите, полесни 19 инчни тркала за 14,4 кг, полесни седишта за 2,2 кг, светлосната групација доби лед светла во форма на хоризонтално V за дневна употреба, а одзади доминираат двата издува и поелегантно дизајнираните стоп светла.
Жарко Атанасоски