Некаде на Далечниот Исток моделот го нарекуваат „каспер“ по името на јунакот од цртаните филмови „Добриот дух Каспер“. Дали е навистина така не знаеме, но знаеме дека токму тој модел на Хјундаи предизвикува забележителен интерес на домашниот пазар особено кај младата популација. „Каспер“ е допадлив мал сув“ со три врати и е најпогоден за возење во градските средини, но зошто не и за вонградските средини. Во Кореа се продава со бензински мотори, а за европскиот пазар е електричен, но можно е да има и по некој хибриден.
Само 3,59 м што значи е директен противник на електричните „цитроен е – ц 3“, „дачија спринг“, а може и „фиат 500 е“ иако не е класично сув возило. Таму „каспер“, а овде „инстер“ и со целосно електрифициран погон ќе изминува максимални 355 км со едно полнење на батеријата што е за дури 130 км повеќе отколку „дачија спринг“ Претставувањето и продажбата на „хјундаи инстер“ е закажана за крајот од годинава, некаде во ноември.
Не е познато колку „инстер“ ќе биде сличен или сосема ист со „каспер“. Фотографиите ја будат љубопитноста кај потенцијалните купувачи, но сѐ уште не познат дури ни датумот на првичното претставување.