Кон крајот од минатиот месец Хјундаи ги објави првите фотографии од концептот „инитиум“, сув возило од компактната класа. Производителот со овој концепт сака да нагласи неколку работи, прво погонот од возилото кој е електричен, но за создавање електрична енергија употребува водород, односно технологија со горивни ќелии. Точно 27 год. Хјундаи ја усовршува спомнатата технологија и сега претставува возило кое од следната година ќе влезе во сериско производство. Со „инитиум концепт“ Хјундаи го најавува новиот дизајнерски правец наречен „арт оф стил“ („уметноста на челикот“). Врз основа на овој нов дизајн ќе бидат „кроени“ сите идни модели. Тоа значи дека ќе следи изедначување на облиците од најмалиот до најголемиот модел во семејството.
Податоците за концептот се премногу оскудни. Хјундаи ја нагласи солидната удобност која е од пресудно значење за долгите патувања. Според ова се насетува за кого е возилото наменето – најмногу за семејствата, а за тие индивидуалци, Хјундаи има многу што да понуди. Концептот „инитиум“ има неколку резервоари за складирање на водородот со кој концептот може да измине растојание од најмалку 650 км. Потоа во него е вграден систем за навигација кој ги следи точките на станиците каде возилото може да се снабди со водород, односно возилото и неговиот „компјутер“ ја одбележуваат рутата на возење каде има станици за водород. Од ова следи дека без тие станици за дополнување водород, возилата на горивни ќелии тешко ќе се снаоѓаат.
Да видиме до каде ќе стаса Хјундаи со серискиот модел кој влегува во производство од наредната година, но засега не е познат почетокот на продажбата.
Жарко Атанасоски