HYUNDAI BAYON-НАЈЕВТИНИОТ СУВ (!?)

27/01/2021

Ако нештата се одвиваат според тоа како што некогаш кажале „модата се враќа“, тогаш бидете сигурни дека Хјундаи е на добар пат да си го оствари планот и воедно да постави рекордни продажни резултати. Сега ќе објасниме зошто е тоа така. Околу две децении корејскиот производител на моторни возила тргна да го освојува светот. Таа офанзива продолжува и денес, но сега употребува поинаква тактика, односно тактика која е веќе видена, но подзаборавена и од тие што први ја применија и имаа големи продажни резултати.

Имено, Хјундаи наскоро треба да претстави возило за забава (спорт јутилити викл – сув) наречено „бајон“. Ништо спектакуларно на прв поглед, нели!? Сепак, Хјундаи вели дека неговиот сув ќе биде најевтиниот од сите кои се продаваат на европскиот пазар, а слично ќе биде и на останатите пазари или барем на поголем дел од нив.

Светот сега најмногу сака сув и воедно тие возила се најпродаваните. Затоа секој производител во својата програма има најмалку по два до три, а некои и повеќе. Хјундаи оди на картата да му „подари“ на светот сув возило, но за мали пари. Многу одамна овој потег го направи Фиат кога ја моторизираше татковината веднаш по Втората светска војна, а му помогна Ламборџини, но во делот на земјоделието, во производството на современа земјоделска механизација. Истото го направи Форд со моделот „т“. Тоа се случи околу половина век порано од Фиат и Ламборџини. Ако Хјундаи успее да направи сув возило со најниска цена во класата, а притоа да ги задоволи основните потреби на едно семејство, тогаш бидете сигурни дека овој производител ќе го одбележи веков со својот потег и ќе влезе во автомобилската историја.

Во својот првичен извештај пропатен со две фотографии, едната од патничкиот оддел, а другата од надворешниот дизајн, Хјундаи неколку пати наведува дека тргнува да прави сув достапен за поширок круг купувачи, односно сув за секого. Нема некои позначајни податоци, освен што возилото наречено „бајон“ ќе ја има линијата (дизајнот) од новиот „хјундаи и 20“ и малку од моделот „кона“. Тоа од прилика значи дека „хјундаи бајон“ ќе располага со должина од околу 4,2 до максимални 4,25 метри. Ќе биде повеќе од занимливо да се следи Хјундаи и да видиме што ќе претстави пред светската јавност. Велат „хјундаи бајон“ ќе се појави во продажните салони заедно со раната пролет, а ќе бие битка на пазарот со „тојота јарис крос“ и „форд пума“.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.