HONGQI S9 CONCEPT-КИНЕСКО ИТАЛИЈАНСКИ АВТОМОБИЛИ

15/02/2021

Компанијата ФАВ кинески производител на автомобили и сопственик на марката Хонгки, во минатиов период направи многу измени и крупни чекори во насока на производство на луксузни автомобили. Меѓутоа кинеската компанија не е сама во ова длабоко преобразување. Тоа го прави со заеднички сили од страна на италијанската дизајнерско конструкторска куќа Силк ЕВ. Покрај овие имиња има уште едно кое посебно стои зад дизајнот, а тоа е Валтер де Силва, некогаш вработен во: Фиат, И.ДЕ.А, Алфа Ромео, потоа Сеат, Ауди и групацијата Фолксваген АГ. Кинеската компанија се договорила со Силк ЕВ да ја пренаменат марката Хонгки да произведува исклучиво луксузни хибридни и електрични автомобили, а меѓу нив и супер луксузни.

Првиот модел кој треба да излезе од производните погони е хипер купето „с 9“ за првпат прикажано како концепт на Салонот за автомобили во Франкфурт во 2019 година. Концептот во себе има хибриден погон V8 мотор и електро погон со вкупна силина од 1400 КС. Можно е истата комбинација да биде вградена во сериското хипер купе „с 9“. Производството ќе се одвива во Модена каде се наоѓа главнината на Силк ЕВ, додека големосериските модели ќе се прозведуваат во Кина. На фотографиите е прикажан концептот „хонгки с 9“. Договорот вреден милијарда долари треба да го даде првиот милион возила во 2030 година.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.