HONDA JAZZ-САМО СО ХИБРИДЕН ПОГОН

26/11/2019

Некаде преку големата бара е „фит“, а за остатокот од светот е „џез“. На домашен терен Хонда ја претстави новата генерација од популарниот модел кој се разликува од конкуренцијата затоа што од првата генерација си го турка имиџот на еднопросторно возило. Нуди голем простор како за патниците така и за патните торби. Ако товарниот простор не дозволува превоз на поголеми предмети, тука се седиштата да помогнат – се склопуваат и проблемот е решен.

„Хонда џез хев“, тоа зборче или ознака на крајот од името го кажува следново, од сега натаму моделот „џез“ ќе се нуди исклучиво со хибриден погон. Хонда го одбира овој правец во производството, така што наскоро, кој модел како ќе се обновува така секој од нив ќе добива исклучиво хибридни погонски единици.

Конструкторите подготвиле и друга изведба, малку повисока, наредена со пластики од околу и со носачи на покривот. Некаде оваа изведба ја нарекуваат „кросер“ или како и да е, но важно е некој вид возило за забава – „сув“. Новиот џез ќе пристигне во продажните салони следната година, а за цена и останатите изведби ќе се информирате кај увозникот.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.