HISPANO-SUIZA-ЛАНИ ЕКСТРАВАГАНТНА ЛУМУЗИНА, ГОДИНАВА КУПЕ

24/04/2020

Хиспано Суиза најретка марка од најретките, една од многуте кои го изгубија чекорот со останатите про- изводители на автомобили, но имајте го во предвид предзнакот со опис на луксуз. Хиспано Суиза секогаш правеле посебни автомобили кои се многу далеку од „конфекциските“.

Оваа шпанска марка на автомобили со седиште во Барселона, умее од време на време да понуди нешто спектакуларно како што стори на крајот од зимата подготвувајќи купе двосед автомобил за една од петте најголеми автомобилски манифестации во годината, за таа што требаше да се одржи во Женева на почетокот од март. Купе автомобилот со две седишта ќе биде произведен во само пет примероци, а е наречен „кармен булоњ“. Супер автомобилот користи електрична енергија како гориво, а е задвижуван од два електромотори, по еден за секое тркало на задната оска. Вкупната силина од електромоторите изнесува вртоглави 1114 коњски сили доволни автомобилот да постигне брзина од 100 км/ч за скоро 2,6 секунди. Електрокупето со вкупна тежина од скоро 1,8 тони развива 250 км/ч и да напомнеме тие се електронски ограничени, сè во служба на безбедноста.

Можеби марката е понепозната од конкуренцијата, но тоа воопшто не ја намалува способноста на конструкторите и аеродинамичарите. Коефициентот на отпор на воздух изнесува 0,32 и е подобар од надалеку познатите како: „ферари ф 12“, „ламборџини авентадор“, „кенигсег агера“, и „порше 918 спајдер“. Конкуренцијата е финансиски далеку подобра, но со аеродинамика послаба од таа на „хиспано суиза кармен булоњ“. Моделот „кармен булоњ“ е продолжение на минатогодишната лимузина „кармен“ од која се направени само 14 примероци, а заедно со купето ќе бидат вкупно 19. Ако лимузината е направена пред сè за удобни патувања со многу простор, купето е направено да потсети на спортскиот дух на марката чии автомобили на почетокот од ’20 години од минатиот век победувале на трките. Сето тоа задоволство ќе биде испорачано во 2022 за цена од 1,8 милиони долари.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.