HENNESSEY VENOM-ХЕНЕСИ ДЕМНЕ ОД СЕНКА

01/11/2019

Војната за постигнување што поголема брзина и зад неа да се впише името на призводителот, продолжува. Малку Бугати, потоа Кенигсег, подоцна повторно Бугати, сега повторно Кенигсег, но од сенка ги демне производителот Хенеси од Тексас.

Работилницата која целосно рачно ги произведува автомобилите на почеток од месецов излезе во јавноста со следнава изјава. Припремаат решение, „отров“ за конкуренцијата, а што точно сега ќе разјасниме. Супер екстра ултра купето наречено „хенеси веном ф 5“ во себе крие 6,6 литарски V8 мотор кој со турбо компресор постигнува силина од неверојатни 1843 КС. Направивме неверојатен мотор со силина која гарантира целосен успех“, изјави сопственикот на работилницата Џон Хенеси.

За тие кои за првпат се сретнуваат со американската марка, еве еден податок. Хенеси е компанија која отсекогаш произведувала исклучиво екстремно брзи купе автомобили.

Автомобилот речиси е подготвен за првата испитна сесија и најверојатно ќе се случи во втората половина во ноември, а ќе продолжи и во декември. Конструкторите очекуваат нивниот автомобил да им ги замрси плановите и конците на Бугати и Кенигсег, затоа што „хенеси веном ф 5“ тежи само 1361 кг. Кога ќе ги споредите коњските сили со тежината, ќе се уверите дека соодносот е најдобар во класата и тоа според конструкторите е главниот адут, заедно со големиот вртежен момент од 1617 Нм при 5500 вртежи во минута.

Во очекување сме на првото излегување на „хенеси веном ф 5“ на асфалтот да покаже што умее и дали ќе ги „преслуша“ главните конкуренти кои ги спомнавме.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.