HENNESSEY VENOM F5-ИЗГЛЕДА ОВОЈ Е НЕВИДЛИВ(!?)

30/08/2024

Дека и Тексашаните умеат да прават врвни спортски купе автомобили доволно говори марката Хенеси. Тие таму немаат само нафта, волови и лимузини од по седум метри, туку умеат и купе да направат. „Веном“ е едно од нив, а вие самите ќе кажете дали е тоа така или не, односно дали „веномот“ ги исполнува строгите купе правила.

Како и Шевролет (со „корветата“), така и Хенеси ита кон бариерите од 1.000 и 2.000 коњски сили, затоа што многу поголеми и помали производители веќе имаат модели со толку многу коњски сили. Нивното тркачко грло е наречено „веном ф 5 стелт сериес“. Во подготовка е „ф 5“ изведба од моделот „веном“, а ќе биде произведена во само 99 примероци. Oд тие 99, три примероци ќе бидат именувани како „стелт серија“ и ќе бидат многу „посебни“. Тоа ќе треба и многу да се плати, а веќе е платено и сопствениците сега ги очекуваат своите автомобили, две во купе изведба и еден спидстер. Оваа тројка ја користи основата од изведбата „револушн“ која, исто така, има лута машина во себе, само 6,6 л зафатнина. Две од трите „стелт серија“ беа едни од главните ѕвезди на годинашнава Недела на автомобили што секоја година се одржува во Монтереј, Калифорнија.

„Тројката“ има 6,6 л мотор спакувани во осум цилиндри распоредени во V и со двоен полнач моторот развива фантастични 1817 КС. Шасијата и телото се направени од јаглеродни влакна, а на работниците им биле потребни дури 2.350 часови за изработка на една шасија и едно тело. Нешто слично се случува и со бојата. Таа е некоја нијанса на зелена и според кажувањата од производителот биле потребни дури 650 часови да се бојадиса еден од тие три автомобили.

 

 

Оваа „невидлива“ (стелт) реткост од 3,1 милион долари е наречена „веном ф 5 стелт сериес“, створена од Хенеси е зачинета и со позлатени делови. Сега си го поставуваме прашањето зошто некој би позлатувал купе автомобили кога во нив има вградено толку многу нова технологија?

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.