HAVAL XIANGLONG-НОВИОТ „СУВ“ НА ХАВАЛ

11/07/2023

Еве една од формулите која најверојатно гарантира успех при лансирањето на нов модел. Најновото од кинеската компанија Грејт Вол е новото хибридно возило „ксианглонг“ од марката Хавал. Производителот најнапред исклучиво ќе го продава на домашниот пазар и притоа ќе надгледува како ќе се справи со возилата од класата кои доаѓаат од увоз. Доколку успее да им ги помати плановите на увозните сув возила и успее да им одземе добар дел од продажбата, тоа ќе биде аларм дека „хавал ксианглонг“ е подготвен за извоз нарочно во земјите производители на моторни возила.

Според дизајнот „хавал ксианглонг“ е класична комбинација од сув и теренско возило. Неговите складни и правилни линии наместа со малку поостра нота, дава слика поблиска до теренско возило, отколку „сув“. Поклониците на овој дизајн сигурно се веќе воодушевени затоа што истиот сѐ поретко го има.

Во возилото се вградуваат два хибридни погони кои како основа користат 1,5 л бензински турбо мотор и два електромотори со силина од 94 КС на предната оска и 201 КС на задната оска. Втората комбинација е поснажна, напред има електромотор со 108 КС, а на задната оска електромотор со 201 КС. Засега е позната автономијата на возилото со исклучиво електричен погон која изнесува 105 км, но не и останатите особини.

Според димензиите „хавал ксианглонг“ спаѓа во сув возила со средна големина и малку над неа – 4.800 мм  должина, 1.916 мм ширина и 1.822 мм висина, додека оските се на растојание од 2.738 мм.

 

Првичните најави велат дека возилото ќе располага со многу електронска опрема која ќе биде способна целосно да го надгледува возењето во отежнати услови и притоа да гарантира безбедно патување. Најчесто таа електронска опрема е во некој вид на режими на возење кои возачот ќе ги одбира, дали за сув пат, снег или, пак, кал итн. Ништо друго не ни преостанува, туку само да почекаме и да видиме до каде ќе стаса „хавал ксианглонг“ и дали ќе успее да застане рамо до рамо со сув возилата од увоз.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.