H-type R – Исклучиво за спортски настроените

13/03/2020

Најжешката изведба од Хондиниот модел „тип р“ наскоро ќе ја видиме со наставката „ограничено издание“ (лимитед едишн) во која покрај 311 коњски сили има делови изработени од карбон, поточно конструкторите оделе кон намалување на килограмите. Кога сме веќе кај нив да спомнеме дека за разлика од обичната „тип р“, новава изведба има 47 килограми помалку. Успехот не се должи на намалување на удобноста, туку напротив, Хонда ја има удобноста на еден спортски хечбек за разлика од конкуренцијата која првенствено посветува внимание на тркачките особини, но не и на онака малата удобност и секојдневната употреба на возилото. Во одделот за патниците присутна е алкантарата и природната кожа, детали кои говорат за таа спортска удобност, иако истата не е како во обичните туристички модели.

Максималниот вртежен момент брои 400 Нм и во соработка со добро вклопениот шестстепениот обичен менувач претставуваат речиси идеална комбинација. Затоа течно и лесно постигнува 100 км/ч за време од 5,7 секунди. Димензијата на тркалата е 20 инчи, „облечени“ во нископрофилни пневматици.

Покрај изведбата „лимитед едишн“, Хонда паралелно ја нуди и „спорт лајн“, изведба со 19 инчни тркала и пневматици со помеки странични ѕидови исто така од марката „мишелин“ со поиспеглана аеродинамика и различен заден спојлер.

„Тип р лимитед едишн“ и „тип р спорт лајн“ претставуват добар потег од производителот и воедно збогатување на гамата „тип р“, автомобили наменети исклучиво за спортски настроените.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.