Рецептот е француски. Традиционално се приготвува за ручек (топло предјадење), особено за вечера. Имено, Французите се раководат од пословицата „Мала вечеричка – долга живеачка“. Сигурно ќе ви ја закрепне снагата по напорниот ден. Искористете ја сезоната на тиква, максимално.
Состојки:
3 лажици екстра девствено |
НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:
Сипете го маслото во тенџере и загрејте го на средна температура. Додајте го кромидот и пропржете го, да стане проѕирен. Ставете го и лукот, само внимавајте да не загори (така супата ќе нагорчува). Турете го пилешкиот бујон, а потоа и компирите, тиквата – нека се варат полека (35-50 минути), додека не станат ровки. Проверете со нож, особено тиквата за да нема грутки во супата. Измиксирајте ја со блендер, да се изедначи. Продолжете да ја варите, дури не згусне. Додајте ја павлаката и мешајте неколку минути, посолете и ставете го црниот пипер. Послужете ја веднаш, додека е топла. Со багет, во француски стил.