Врап со печурки и сирење

04/12/2023

Подготовка:

Врап со печурки и сирење Се работи за вегетаријански рецепт. Составен е од микс на овчо сирење, пржени шампињони, ајсберг салата (зелена салата), млада рукола и домат. Оваа салатна комбинација ја спојува дресинг од павлака, мајонез и балсамико крема оцет кој го потенцира вкусот на зеленчукот. СÈ заедно ја сочинува оваа веге комбинација спакувана во интегрална тортиља. Можете да ја послужите со крем салата или со помфрит. Често низ светот оваа комбинација ќе ја најдете со печен или пржен сладок компир. Во секој случај е многу вкусна комбинација. Помфритот јас го зачинувам со свеж лук, сол и оригано.

 

Уживајте!

ПОВРЗАНИ СТАТИИ