Подготовка:
Во овој број „одиме“ со малку полесна храна. Се работи за тортилја со зеленчук што е лесна за подготвување и уште полесна за јадење. За подготовка на овој рецепт користев чија тортилја што малку ја потпеков пред полнење. Смесата со која се полни тортилјата e составенa од динстуван морков, пиперка, броколи и шампињони печурки. Се сервира со помфрит од сладок компир зачинет со лук, сол и оригано.
Уживајте!