ПОДГОТОВКА:
Овој појадок е доста интересен и лесен за подготовка. Склопете си омлет по ваша желба, а можете истото да го добиете и со било каква кајгана. Потпечете тортиља од двете страни, потоа додадете рендан ајдамер од едната страна и положете го омлетот врз ренданиот кашкавал. Превиткајте и исечете го полумесецот на 4 парчиња, сервирајте со помфрит или свежа салата. Слободно можете да додадете што сакате во било кој дел од рецептот. Играјте си со рецептот, бидете креативни.