ГОТВИМЕ СО ФИЧО-Свинско каре со пире тартуф

25/06/2022

Подготовка:

Свинското каре го отворате како книга и го печете на скара често превртувајќи го. Откако ќе оцените дека е добро испечено (да биде бело во внатрешноста) го задушувате со малку путер (го затворате со сад). Пирето го правите класично со компир и додавате една лажица пате од тартуф или т.н. тартуфата.

Доколку имате свеж тартуф изрендајте го одозгора.

Исечете го месото и сервирајте го скалесто врз пирето.

Совет: пирето од компир згответе го со млеко и путер – ќе биде многу повкусно. Сервирајте со микротревки.

Јас користев микрорукола.

ДОБАР АПЕТИТ!

ПОВРЗАНИ СТАТИИ