Подготовка:
Во Италија велат дека пицата е храна за сиромашните. Веројатно така било во минатото затоа што има само неколку состојки и тесто за да се направи вкусен оброк. Меѓутоа, низ годините Италијанците ја довеле пицата до степен на перфекција и како таква ја рашириле по целиот свет и денес ова јадење е најконсумиран продукт на сите времиња. Во принцип рецептот е едноставен. Најбитна е ферментацијата на тестото и температурата на печење.
За тестото ќе ви биде потребно:
•1 кг брашно •600 мл ладна вода (може и со мраз)
•3 г сув квасец
•10 г сол
•15 мл маслиново масло (се додава на крајот, т.е. во последното замесување).
Замесете тесто, оставете го да ферментира околу 12 часа на собна температура (да не е претопло). Потоа направете топки во посакуваната тежина и оставете го во набрашнет плех да стасува во фрижидер уште 12 часа. Потоа секоја пица што ќе ја направите печете ја на висока температура (највисока што можете да постигнете во домашни услови и без вентилатор) На пример, во рестораните се пече на 500С.