ГОТВИМЕ СО ФИЧО-Њоки Карбонара

18/03/2022

Состојки и сос:
• Пакетче ноќи

Сос:
• 2 јајца
• Пармезан-50 гр.
• Сланина-50 гр.
• Бибер

Подготовка:

Овие њоки се продаваат веќе спремни и направени, па така за нив не ви е потребен рецепт. Спремните њоки се готват навистина брзо. Ставете ги во солена вода што врие и варете ги додека не почнат да испливуваат на површината. Потоа извадете ги и префрлете ги во сосот кој го спремате. За карбонара сосот ќе ви бидат потребни 2 жолчки од јајце, измешајте ги со ситно рендан пармезан (околу 50гр.) и оставете ги на страна.

Оригиналниот рецепт се прави со Пекорино сирење, доколку најдете употребете Пекорино. Во тавче ставете да се пропржи околу 50гр. ситно сецкана сланина, најдобро е ако најдете „Гуанчале” (тоа се димени свински образи). Потоа додадете ги сварените њоки и малку од водата во која се варела пастата. Изгасете го оганот, додадете ја смесата од сирење и жолчки и мешајте енергично додека не добиете кремав сос. Оваа паста се сервира со свежо мелен бибер и малку рендан Пармезан или Пекорино. *Бидете внимателни во моментот кога ја додавате смесата од јајца. Доколку тавата е премногу жешка постои опасност јајцата да се претворат во омлет, токму затоа велам енергично да се меша. Само напред драги мои, експериментирајте во кујната и повторувајте ги рецептите додека не ги усовршите.

Повторувањето е мајка на знаењето.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ