Подготовка:
ФАЛАФЕЛ
Во овој број ќе зборуваме малку за арапската кујна и за едно од најпопуларните јадења на светот! Се работи за популарниот Фалафел. Тоа се зеленчукови ќофтиња на база од мелен наут, рецепт кој скоро на сите им е познат и секој си го моделира според свој вкус. Мојот фалафел е составен од мелен киснет наут (можете да го употребите и оној од конзерва), измелен на класична мелница за јаткасти плодови (не во блендер). Во истата мелница измелете и морков, кромид и малку лук. Како зачин додадете ситно исечкан магдонос, посолете и формирајте ќофтиња не поголеми од 40гр. Овој специјалитет се пржи во длабоко масло. Најчесто се сервира со павлака измешана со медитерански зачини и лимон.
Уживајте!