ГОТВИМЕ СО ФИЧО-БУРГЕР ВРАП

30/06/2023

Подготовка:

БУРГЕР ВРАП

Овој рецепт е прилично лесен и воедно многу вкусен! Се работи за спој на мелено месо со мексиканска тортиља, наликува на Бурито, меѓутоа не е. Се работи за Бургер врап! 200гр мелено месо зачинето со 1гр свежо мелен бибер и 3гр сол измесете го за да добиете хомогена смеса. Потоа пропржете го на плотна или во тавче. Не користете премногу маснотија – препорачувам 20гр путер максимум. Откако ќе се зготви месото оставете го да се подолади на страна. Во длабок сад на страна ставете малку рукола и зачинете ја со мајонез дресинг (може да додадете и малку сенф). Додадете тенко исечкан црвен кромид и малку тенко исечкани кисели краставички. На крај додадете го испрженото мелено месо и промешајте да добиете една смеса. Исфилувајте ја тортиљата со овој фил и свиткајте ја како пакетче во форма на туба. Сервирајте ја исечена на половина со помфрит како прилог.

Совет: можете малку да ја загреете тортиљата за добиете еластичност, меѓутоа бидете внимателни, ако се потпече премногу ќе се стврдне. Исто така, можете да ја премачкате со крем сирење – ова е опционално.

Уживајте !

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ