Подготовка:
Азиско пилешко е едноставен рецепт кој секој може лесно да го приготви. Го пржите пилешкото инер филе на кокосово масло. Потоа го вадите од тавата и го оставате настрана. Додека „чека“ пилешкото во истата тава додавате уште малку кокосово масло и ставате да се пржи пиперка, морков и кромид исечени на тенки лентички (julienne), потоа додавате ситно исечкано чешне лук. СÈ заедно се динстува додека не омекне (доколку треба додавате малку вода за да го помогне процесот на динстување). Потоа, го додавате пилешкото заедно со 40гр сечкани кикирики, сÈ заедно промешувате и додавате околу 50гр слатко лут сос. Промешувате и сервирате. Декорацијата е по ваша желба, јас направив потпечена половина од лимон и додадов дехидрирани резанки од чили пиперка.
Уживајте!